Медиум на друм (15): „Барутот, компасот и печатот го променија светот“

21.12.2019 12:43
Медиум на друм (15): „Барутот, компасот и печатот го променија светот“

Кога би морал да избирам помеѓу влада без весници и весници без влада, без двоумење би го избрал второво.

Томас Џеферсон, во писмо од јануари 1787 година


ТИПОГРАФСКИОТ ЧОВЕК

Појавата на печатот го означува настанувањето на новиот и влијателен авторитет на пишаниот јазик во однос спрема говорниот јазик: „типографскиот човек“ го карактеризира можноста да го види - покрај можноста да го слуша - сопствениот јазик со помош на еден сериски производ каков што е книгата. Релативно ниската цена на новото средство овозможува создавање на куповниот индивидуализам кој се остварува со поседување и потрошувачка на книги: читањето станува последен чекор во илјадагодишниот процес на „распаѓање на племенското општество“ на човечките заедници, како што печатарската преса ја воведува епохата на машините кои го уситнуваат, механизираат, серијализираат човечкиот труд.

Џовани Гоцини, Историја на новинарството, 2000

 

ЧЕТИРИ СТАДИУМИ ВО РАЗВОЈОТ НА ПЕЧАТОТ

Волтер Липман, еден од „светите монструми на американското новинарство“, во 1931 година ја скицирал схемата на историскиот развој на печатот во четири стадиуми. Во првиот печатот е подреден на монополот на власта; во вториот на контролата на политичките партии; во третиот печатот станува независен благодарение на сопствената читателска публика; во четвртиот се става во служба на идеалот: стремеж кон вистината.

 

БАРУТ, КОМПАС И ПЕЧАТ

Англискиот филозоф Френсис Бејкон го споредува печатот со барутот и компасот: „Овие три изуми“, пишува тој во Новиот органон на науките, „го изменија изгледот и суштината на целокупниот свет.“

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев и Александар Јосифовски


Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото