Скопје пуши

23.12.2019 13:44

Скопје пуши!
До Венера чади!
Кле се гуши!
Сите поезија пишуваат
А Ботичели се лади!
Џабе ги оставив цигарите,
Од воздухот ми се гади
Дотрча и Климт
Дрво да сади
И Егон и Баскијат,
И малата кинеска девојка со Боуви
И Том Веитс
И сите народи од третиот свет
Со нано пластика цвет
Џабе, џабе
Цигарите ги оставив
Додека Ник Кеив
Опуштено се лади
Од воздухот ми се гади...
Иако Џармуш вика
Дозволено ти е сѐ
Во љубов и војна
Кога Скопје пуши
Љубовта се гуши
И со магла идеите ги буши
Џабе оставив сѐ
Џабе Леонард Коен и Пети Смит
Понекогаш дури и Морисеј џабе
Кога Скопје пуши

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото