ЕУ река (5): Од трите идеологии фашизмот се покажа најевроцентричен

23.12.2019 17:05
ЕУ река (5): Од трите идеологии фашизмот се покажа најевроцентричен

(...) Водечкиот британски историчар (J. Keegan, 1993) ја опиша војната во Босна како „примитивен племенски судир кој само антрополозите можат да го разберат“, при што Југославија попрво беше гледана како дел од Третиот свет отколку што се прифати дека и самата современа Европа може да биде извалкана. Се чини дека ни убиствените докази во 20-иот век не ја намалија способноста на Европјаните за себемамење.

(...) Најпосле, од трите идеологии фашизмот се покажа како најмногу евроцентричен, многу повеќе и од комунизмот и од либералната демократија: тој систем на верување, воедно антиамерикански и антиболшевички, макар беше недвосмислено јасен.

Она што Европа за нас претставува по завршувањето на Студената војна е многу понејасно - дали е таа дел од „Западот“ (иако и самата одредница е застарена), западен бедем на Евроазија, или е и едното и другото, или ништо од двете? „Европа“ на Европската унија можеби е ветување или илузија, но не е реалност. За сериозно согледување на поделбите и неизвесностите на овој континент потребно е да се напушти метафизиката и да се откаже потрагата по некаква таинствена и суштинска „Европа“; наместо тоа треба да се истражува непроменливата содржина за да се открие што таа треба да претставува.

Марк Мазовер, Мрачниот континент; Европа во 20-иот век

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев
Фотографиите се од филмот „Конформист“ (Бертолучи, 1970)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото