Медиум на друм (16): „Слушајте музика додека работите“

23.12.2019 17:36
Медиум на друм (16): „Слушајте музика додека работите“

Во првите денови на емитувањето на Радио програма во Велика Британија, во раните дваесетти години на дваесеттиот век, BBC (Британска радио компанија - British Broadcasting Company, а подоцна, од 1927 година, корпорација - Corporation) искажала загриженост дека радиото би можело да претставува само позадински звук. Инсистирала, на пример, на тоа дека слушателите во најголема можна мера би требало да го отстранат сето она што ги попречува и тогаш, во замрачена соба, да седнат во својата најудобна фотелја за на радио емисиите да им го посветат истото внимание како и на претставите во театар. Но, настојувањата на BBC радиото да оствари повисоко ниво на концентрација при слушањето на радио емисии секогаш завршувале со неуспех оти огромното мнозинство слушатели повеќе сакале да слушаат радио додека работат нешто друго - обично работи кои се извршуваат рачно, едноставно и рутински.

BBC најпосле морала да го прифати тој факт, што на најизразит начин се покажало за време на Втората светска војна кога таа радио станица ја вовела програмата „Слушајте музика додека работите“, т.е. секојдневно емитување музика поради подобрување на продуктивноста на работата во фабриките за муниција, оти соодветната ненаметлива музика ги поттикнувала работниците да работат без застои.

Од таа доба, работодавачите (големи и мали) го сфаќаат корисното влијание на музиката како врз вработените така и врз клиентите; оттаму денес во фабриките постојат интерни системи за емитување музика, како и непрекинати музички програми во фризерските салони, автомеханичарските работилници, кафеата, продавниците, итн.

Мартин Шинглер, Синди Виринга - Радио, 1998

 

Избор и превод: Никола Гелевски

Гиф: Мирјана Лозановска

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото