Мал новогодишен саем на книги #10

24.12.2019 11:45
Мал новогодишен саем на книгата #10


Од 23 до 28 декември во горното фоаје во Младинскиот културен центар по десетти пат ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книга во организација на издавачката куќа Темплум.

Вчера, на првиот ден, се одржа изложба, „Фантомима“, на Будимка Поповска, и беа промовирани и три нејзини нови книги: „Куќата ма Марс“ (македонско и англиско издание) и „Ботичелиев каталог“.

На саемот, на едно место, со своите најнови и најпопуларни изданија ќе се претстават издавачките куќи Темплум, Бегемот, Или-Или, Готен, Чудна шума, Блесок, Артконект и Бункер.

За љубителите на квалитетната книжевност подготвен е широк избор – од домашни до светски автори; од белетристика до стрипови; од детска книжевност до теорија.

Саемските денови ќе бидат исполнети со богата придружна програма. Ќе бидат одржани дванаесет промоции на книги, три проекции на филмови и ликовна изложба. Последниот ден од саемот, сабота, ќе биде посветен на детската литература, и, меѓу другото, ќе биде одржана креативна работилница за деца.

Во рамките на саемот, во петок на 27 декември во 12 часот, ќе се одржи и свеченото доделување на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ на издавачката куќа Темплум.

ПРОГРАМА

Понеделник, 23 декември

19:00
Изложба „Фантомима“ и промоција на книгите „Куќа на Марс“ и „Ботичелиев каталог“ од Будимка Поповска - Буде

Среда, 25 декември

18:00
Филмска програма: Кратки музички филмови

19:00
Промоција на збирката раскази
„Неми филмови“ од Димитар Димоски


20:00
Промоција на книгата „12 македонски фотограф(к)и“

Промотори: Никола Гелевски и Драги Неделчевски


Четврток, 26 декември

18:00
Филмска програма: Агнес Варда

20:00
Промоција на стрипот „Македонија“
од Харви Пикар.

Промотор: Џабир Дерала

21:00
Сеќавање: Милиана Ленак

Петок, 27 декември

12:00
Доделување на наградата Новите! за 2019 г.

19:00
Промоција на стихозбирката
„Средни години“ од Алеш Мустар

Промотор: Лидија Димковска

20:00
Промоција на книгата „Црната кутија: кучиња што ниско летаат“ од Алек Попов

Сабота, 28 декември

13:00
ДЕТСКИ ДЕН
Промоција на книгите за деца „Синиот зајак“ од Душко Радовиќ и „Чудесни апарати“ од Гвидо Тартаља

14:00
Промоција на стрипот
„Зенобиа“ од Дур и Хорнеман

14:30
Креативна работилница за деца
„Моето необично милениче“ со Билјана Црвенковска

20:00
Промоција на книгата „Десетте најдобри раскази на светот“
Промотори: Румена Бужаровска, Оливера Ќорвезироска

Слики: Будимка Поповска


 

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Уметност / Настан
Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Култура / Настан
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото