Медиум на друм (17): Титаник и радиото

24.12.2019 16:27
Медиум на друм (17): Титаник и радиото

Титаник и радиото

Првиот значаен чекор во развојот на радиото бил преминот од комуницирањето помеѓу две точки кон јавното емитување. Комуницирањето меѓу две точки било мошне значајно за војската, а користа од него најмногу се покажала за време на војната.

Но, клучниот настан кој можностите на радио комуникацијата ја пронел ширум светот било потонувањето на Титаник. Еден млад радио телеграфист на компанијата Маркони, кој работел на телеграфот во една њујоршка стоковна куќа, ја фатил следнава порака: Паробродот Титаник удри во санта мраз. Тоне брзо. Радио телеграфистот веднаш ги известил весниците и стапил во контакт со паробродот Олимпик оддалечен околу 1400 милји. Телеграфистот од Олимпик го известил дека паробродот Карпатија ги собира преживеаните.

Претседателот на САД наредил сите други радио станици да престанат со емитувањето програма и младиот телеграфист на компанијата Маркони останал крај својата работна маса 72 часа примајќи ги имињата на преживеаните. Кога најпосле го напуштил своето работно место, пред стоковната куќа затекнал голема група луѓе, вклучувајќи ги и семејствата на луѓето од Титаник и новинарите, кои сите желно исчекувале информации.

Оваа епизода повеќе од која било друга направила американскиот народ и властите да ги разберат можностите коишто радиото ги овозможувало за спасување животи.

Мартин Шинглер, Синди Виринга - Радио, 1998

Избор и превод: Никола Гелевски

Гиф: Мирјана Лозановска

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија..

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото