Календар за 2020 на Коалиција Маргини

25.12.19 14:52

Коалиција Маргини и годинава продолжува да ја промовира  квир и феминистичката уметност. Календарот за 2020 година е колекција на репродукции на уметнички дела од македонски уметници кои се занимаваат со теми од оваа област.

„За нас е исклучително важно, во еден ваков популарен медиум, да се испромовираат сериозни и квалитетни уметнички содржини, и на тој начин, да ја вметнеме културно-уметничката продукција и пракса како еднакво важно и моќно средство за политичка борба, отпор, и општествена трансформација“, соопштуваат од Коалиција Маргини.

Уметниците кои ги отстапија своите дела се: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Зорица Зафировска, Јана Јакимовска, Ѓорѓе Јовановиќ и Самир Љума.

Илустрации: Коалиција Маргини

ОкоБоли главаВицФото