Два-три реда спроти светлината

25.12.2019 18:41

Ужасна е светлината за очите.
Ужасно е да те преплави светлина,
непријатно е да се биде Давидовото кале или Ѕидот на плачот
или актер
такво нешто.
Ужасно е светлото в кокошарник оставено
од итар стопан
за кокошките да несат и несат
занесени дека е вечен ден.
Ужасно е што вака светлината сее чувства,
што блика, сè одново што се вљубува,
што блуе љубов.
Понекогаш се ококорувам од историјата
чиниш животинка, зајак или лисица,
ококорена пред зрак на фар од кола што јури.
Понекогаш, возачот сум.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото