Стрип: „Македонија“

25.12.2019 18:48
Македонија

Промоција на графичката новела „Македонија“ во четврток, 26.12., во 20 часот во МКЦ (горно фоаје).

 

Во 2006 во САД се појави стрипот „Македонија“ од тројца американски автори: славниот Харви Пикар, цртачот Ед Пискор и младата Хедер Роберсон. Кај нас, во Македонија, стрипот се појавува со задоцнување, но, за среќа, тој не е застарен. И претставува, меѓу другото ,и интересен историски документ, првенствено за периодот по „Рамковниот договор“.

Главен лик во стрипот е американската студентка Хедер Роберсон, посветена мировна активистка, која со години тврдела дека војната може да се избегне. Но постојано се соочувала со контрааргументи, дека војувањето е неизбежна последица на светските конфликти. Навистина, Хедер сфаќа дека докажувањето е малку незгодно без конкретни примери. Затоа прави нешто малку лудо: се упатува кон далечната Македонија за да го истражува регионот што бил на работ на насилство, но не паднал во него.Нејзините доживеалици се живописно претставени: пријателите се обидуваат да ја „вразумат“, ја мамат таксисти и хотелиери, ја вознемируваат сомнителни мажи, и сите мислат дека е шпион. Но, таа исто така создава и неочекувани пријателства, учи дека да се изгубиш значи да научиш нешто ново, и открива зачудувачки работи. Војната е пекол и мирот е тежок – но конфликтот може да биде и корисен.

Македонското издание е објавено како десетта книга во едицијата Лифт на книгоиздателството Темплум. Преводот го направи Фросина Крушкаровска. Овде можете да видите дваесетина страници од стрипот, доаѓањето на главниот лик, Хедер Роберсон, во Македонија и во Скопје.

 

 

Слични содржини

Книжевност / Стрип / Култура
Фотографија / Книжевност / Стрип / Настан
Книжевност / Стрип / Култура
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Книжевност / Стрип
Книжевност / Стрип

ОкоБоли главаВицФото