(Ете, нашата прва страст истина...)

26.12.2019 11:00

Ете, нашата прва страст истина
Лежиш во песокот мушната
Ќе ти кажам сега една вистина
Дај ми ја школката. Не таа, ушната!
Впрочем, ја чувствуваш промената
Која тајно во мене се всели
и сега се чувствувам ко да сум пената
со копнеж морето што го дели.
Ко да сум блесокот, ко да сум вресокот
Кој стига од јатото бело
Ко да сум чисто кристалче од песокот
Кое лепи по твоето тело.
Веќе е сеедно кој што ќе рече
Некој нов „Јас“ сега исплива
Ко морска струја ме одвлече
Рамнодушност неопислива.
И така рамнодушен, ме носи понатака
Ко да сум дрво без корен
Така што од времето мое остатокот
Не ми е толку неопходен.
Па така јас земниот, многу суетниот
Верувај нема да трепнам
Ако ми речат дека ова ми е сетниот
Ден одреден да живеам.
Само, кога погледот ќе ми се стишува
Не гледај во мене тажно.
Пред очи да си ми, кога ќе издишувам
Сè друго, е сосем неважно.

Препев: Милиана Ленак

Валери Нисим Мевора, попознат како Валери Петров, е бугарски писател, новинар, преведувач, лекар, драматург и дипломат. Неговата прва книга „Птици кон север“ излегла кога имал само 18 години. Оттогаш, сè до неговата смрт во 2014 година, тој неуморно создавал поезија и проза за млади и повозрасни, на истиот виртуозен начин.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото