Музичарите и нивната облека

12.11.10 14:25

Уметниците не се само идоли, туку и важни модни икони. Нивниот стил на облекување се копира од илјадници луѓе ширум светот. Во случајов се работи за музичарите, поточно, за најпознатите светски поп, рок и рап ѕвезди.

Повторно постери од дизајнерското студио Moxy Creative кое не престанува да нè изненадува со својата креативност. На постерите можеби ќе најдете и некои музички идоли од вашата младост (ова важи за постарите посетители на Окно) или вашите сегашни музички идоли (ова важи за помладите посетители на Окно). Како и да е, се работи за навистина интересни илустрации кои совршено и минималистички го доловуваат препознатливиот стил на облекување на најпознатите музички ѕвезди.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW


ОкоБоли главаВицФото