Медиум на друм (19): За својствата на човечкиот глас

26.12.2019 17:25
Медиум на друм (19): За својствата на човечкиот глас

Големата предност на говорниот медиум над печатениот е во својствата на човечкиот глас - топлината, сочувството, болката и смеата. Гласот е во состојба да пренесе многу повеќе значења од зборовите што се користат во говорот. Неговите одлики се модулацијата и акцентот, колебањето и паузата, мноштвото нагласоци и брзината. Ефектот на информацијата која спикерот ја соопштува зависи од неговиот стил на соопштување исто колку и од нејзината содржина. Животната снага на радиото зависи од различноста на гласовите коишто ги користи и од тоа во која мера ги допушта живописноста на изразувањето и локалните изрази.

Меклиш, 1994

 

Избор и превод: Никола Гелевски

Гиф: Мирјана Лозановска

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото