ЕУ река (9): Каде е мојата куќа?

27.12.2019 18:07
ЕУ река (9): Каде е мојата куќа?

Лисјето на дрвјата му се душата.
Цепенков

ТАТКОВИНА

Ноември 19, 1942.

Може да е тој датум, а може и не е. Сеедно, но ме мачи дали сум дома. Каде е мојата куќа? Улица Флоријанска 10, Дрохобич, Галиција, Полска, или Хондурас, Никарагва, Абракадабра, или како во сон кога гласот ѝ вели на жртвата, немаш ти друга територија, не е твојата земја овде туку е во подземјето, врати се таму? Откако сум преселен овде, во Столарска, изгледа дека гетото е мојот единствен дом, последен дом, и којшто утре никогаш нема да изгледа како денес. Ќе биде урнат и запален. Би сакал на драгата Госпоѓа да ѝ кажам дека ми е мило што ја сретнав, и дека ми е жал што најдобрите нешта во животот не се случуваат порано додека календарот сè уште не ни изветреал од мозокот и додека сè уште знаеме каде живееме, која ни е татковината.

Вашиот Бруно Шулц


Избор и превод: Никола Гелевски

Гиф: Александар Јосифовски (врз фотографија од филмот „Сталкер“; Тарковски, 1979)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото