Детски ден на Малиот новогодишен саем на книги

27.12.2019 19:14
Детски ден на Малиот новогодишен саем на книга

Последниот ден од Малиот новогодишен саем на книга ќе биде посветен на детската литература.

Во сабота, 28 декември, во МКЦ (горно фоаје) ќе се одржат три промоции на книги за деца.

Во 13:00 часот ќе се одржи промоција на книгите „Синиот зајак“ од Душко Радовиќ, илустрирана од Александар Иванов и „Чудесни апарати“ од Гвидо Тартаља илустрирана од Владимир Лукаш. За книгите ќе говорат Владимир Лукаш и Ванчо Полазаревски.

Во 13:30 ќе се одржи промоција на стрипот „Зенобиа“ од Дур и Хорнеман. Промотор на стрипот ќе биде Никола Гелевски.

После промоциите, во 14:00 часот ќе се одржи креативна работилница за деца „Моето необично милениче“ со Билјана Црвенковска. Креативната работилница е замислена како серија од активности: читање, цртање и/или пишување за деца на возраст од 5 до 9 години. Целта на работилницата е развивање на имагинацијата и поттикнување на креативните способности, негување на пишаниот збор и подобрување на моториката (информации и пријавување на линкот).

Малиот новогодишен саем на книгата ќе биде отворен од 10:00 до 22:00.

Илустрација: Александар Иванов (од книгата „Синиот зајак“)

ОкоБоли главаВицФото