1017 hPa
54 %
24 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 22:59
Во рамките на Малиот новогодишен саем на книгата, во четвртокот навечер, на 26 декември, во МКЦ беше одржана промоцијата на графичката новела „Македонија“ од Пикар, Роберсон и Пискор. „Македонија е десетти наслов во едицијата „Лифт“. За книгата зборуваа Владимир Битољану од стрипарницата „Бункер“ и Никола Гелевски, главниот уредник на стрип едицијата Лифт. Стрипот од англиски го преведе Фросина Крушкаровска, уредница на порталот Окно и на книгоиздателството Темплум.
Во продолжение на вечерта беше одржана мала комеморација, всушност разговор, за неодамна починатата Милиана Ленак, култната фигура на македонската културна сцена. Во присуство на десетина пријатели, беа прикажани извадоци од нејзината монодрама I LOVE GOD и од филмот Almost us.
Фотографии: Јелена Белиќ