1019 hPa
34 %

18 °C
Скопје - Саб, 22.03.2025 13:59
ИСТАТА ЛЕПЕШКА
- Дали има кај вас ветер во магла, го прашувам јас Витомира, го зазборувам.
- Нашава работа е ветер во магла, вели Витомир.
- Ова не е наша работа, велам, ова е ваша работа.
- Мојата работа е оставена на нива, вели Витомир. Мојата работа, вели, сега никој не ја работи. Мене ме чека, вели.
- Ако те дочека, велам и ја исплукувам сламката од уста. Еби му мајката, велам, во војно време никој во никого не верува. Дури и мислата твоја ќе те изневери, ќе те преправи, велам.
Се разбираме некако со Витомира. И еба го, не ќе се разбереме! Оти да не се разбереме? Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние наваму зборовите. А некогаш, во старо време, сите сме биле едно исто гомно, иста лепешка. Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешката надве, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепешката. И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овдека и сите исто смрдиме.
Петре М. Андреевски, Пиреј
Гиф: Мирјана Лозановска и Александар Јосифовски
Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.