Медиум на друм (21): Туристот на кровот на Светскиот трговски центар

30.12.2019 16:00
Медиум на друм (21): Туристот на кровот на Светскиот трговски центар

Набрзо после нападите од 11 септември 2001 на интернет се појави оваа фотографија и молскавично се прошири. Наводно била насликана со апарат пронајден во урнатините на Светскиот трговски центар. Ја сметаа за инкунабула на ужасот која го фаќа последниот момент на светот пред тој да пропадне. Човекот на врвот на солитерот стана доказ за човечката трагедија и симбол на почетокот на новото време.

Фотографијата, се разбира, е фалсификат и како таква и денес е присутна на интернет: мажот на фотката е премногу облечен за таа доба од годината; оградата е прениска; кулата на која наводно е сликан всушност нема видиковец; прикажаниот модел на авионот не е вистинит. Ништо не било точно, но квазипоетската фикција на сликата сепак тргнала по својот пат низ компјутерите во светот. Таа му одговарала на настанот кој лажно го документирала - токму зашто била фикција. Таа го симболизира просторот на фалсификување, мамење и иритирање кој се отворил после 11.09.01., кога чудните реакции на водачите на САД и сè пораспространетите теории на заговор меѓусебно се спореа околу толкувањето на настанот.

Ханс-Јоахим Нојбауер, од книгата „Фама, историјата на гласините“, 2009

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Александар Јосифовски

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото