2019 низ фотографии

30.12.2019 18:23
2019 низ фотографии

Изминатата година донесе бурни настани на глобално ниво. Пренесуваме мал фото преглед...

Во Еквадор имаше протести поради растечките цени на горивото и протестерите ги нападнаа владините канцеларии. Претседателот и неговата администрација избегаа од главниот град Квито. На сликата жена пркосно позира за време на судирите на 9 октомври. (Фотограф: Дејвид Диаз)

Во Венецуела безбедносните сили се судрија со поддржувачи на опозицијата кои се обидуваа да внесат пратки помош во земјата. Во овој инцидент, на 23 февруари, демонстраторите турнаа автобус близу границата со Колумбија. (Фотограф: Карлос Бечера)

Некои од највпечатливите слики на годината беа од Хонг Конг. На 3 ноември протест пред трговскиот цетар Ситиплаза резултираше во крвава пресметка. (Фотограф: Чан Лонг Хаи)

Лондон беше град на протести додека продолжениот развод на Британија од Европската унија предизвика политички застој. Демонстратори облечени во костими од „Приказната на робинката“ протестираат на 4 јуни против посета од претседателот на САД, Доналд Трамп. (Фотограф: Мери Тарнер)

Во Каталонија се распали насилство откако на сепаратистите кои се обидоа да избегаат од Шпанија во 2017 им беа доделени затворски казни до 13 години. На сликата, човек се грижи за повреден од гумен куршум за време на протест на аеродромот Ел Прат во Барселона на 14 октомври. (Фотограф: Анхел Гарсија)

Прашањето на независноста за шпанскиот регион секогаш е во позадина на тамошните настани. Протестер се крие зад Каталонско знаме за време на судири со полицијата во Барселона на 18 октомври. (Фотограф: Анхел Гарсија)

Не сите барања за промени доаѓаат од улицата. Во Саудиска Арабија владата ги преиспитува строгите религиски правиле кои важеле со декади, отворајќи ја земјата кон нови индустрии, како забавната. На сликата, посетителки се фотографираат со своите деца со маскота-зајак при посета на фарма на 4 август во Бураида, главниот град. (Фотограф: Тасним Алсултан)

Тука беше и препознавањето на старите борби. На 28 јуни светот се присетуваше на 50-годишнината од бунтот кај Стоунвол Ин кога полицијата изврши рација на њујоршкиот геј-бар. Стоунвол се смета за место на раѓање на движењето за правата на хомосексуалците. (Фотограф: Геби Џонс)

Луѓето се обединија и за да покажат дека борбата за родовата еднаквост сѐ уште е далеку од готова. На сликата е прикажана осмомартовска сцена од Буенос Аирес. (Фотограф: Ерика Канера)

Во Колумбија населби беа уништени од поплави откако лизгање на земјиштето минатата година предизвика дефект во хидроелектричната брана Хидроитуанго. На 7 јуни се правеа поправки и имровизирани работилници стоеја покрај ѕидот на браната. (Фотограф: Николо Филипо Росо)

Други делови од светот беа погодени од бескрајната потрага по чиста вода. На сликата, човек чекори покрај цистерни паркирани во Карачи, Пакистан, на 24 декември. Жени и деца пешачат со километри секој ден во потрага по залихи. (Фотограф: Асим Хафиз)

Жители на Булавајо, Зимбабве, чекаат во ред за вода кај заедничка чешма на 3 август. Африканската земја доживеа суша на национално ниво што предизвика неуспешни жетви и ја поттикна владата да побара помош за да избегне глад. (Фотограф: Синтија Р. Матонхоџе)

Високи плими и силни ветови ја предизвикаа најлошата поплава во Венеција по повеќе од половина век. На сликата, работник чисти куќа од вишок вода, на 20 ноември. (Фотограф: Џералдин Хоуп Гели)

На сликата мотоциклисти маневрираат покрај оштетени дрвја откако циклонот Фани удри во источна Индија на 4 мај. Повеќе од 3,5 милиони луѓе таму и во соседен Бангладеш мораа да бидат евакуирани. (Фотограф: Дирај Синг)

Мраз фатен на трепките на температури паднати до речиси -40 целзиусови степени во јужна Манитоба, Канада, на 18 јануари (Фотограф: Шенон Ванрес)

Протестери против климатските промени го обвинуваат загадувањето. Во кинеската провинција Анхуи се издига пареа од кулите на централа за јаглен на 16 јануари, додека човек си копа во градината. (Фотограф: Килаи Шен)

Во Малезија, повеќе од 400 училишта беа затворени поради воздухот загаден од чад и пепел од силните шумски пожари во Индонезија. На 11 септември, посетителите на КЛ кулата во Куала Лумпур не можеа многу да видат бидејќи градот беше обвиткан во магла. (Фотограф: Самсул Саид)

Во ера на трансакциска надворешна политика, и Трамп и Ши правеа зделки со Ким Јонг Ун. И Русија исто така. На 26 април, лидерот на Северна Кореја се подготвува за своето враќање дома на железничката станица во Владивосток после самит со Владимир Путин. (Фотограф: Андреј Рудаков)

Аргументите за отповикување на Трамп се потпираат на неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски, телевизиски комичар што ја презеде власта годинава. Зеленски, од кој било побарано да направи истрага за еден од политичките ривали на Трамп, на сликата прави проверка на снајперски пушки за време на вежба на Министерството за внатрешни работи, на 30 септември (Фотограф: Евгениј Малолетка)

Борис Џонсон за време на неговата кампања за водство на Конзервативната партија, во посета на фарма во Јоркшир на 4 јули. (Фотограф: Оли Скарф)

Што ќе се случи со Трамп зависи од Сенатот, иако најверојатно ќе влезе во кампањата за изборите во 2020. На 2 март го гушна американското знаме, пред да зборува на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Мериленд. (Фотограф: Ал Драго)

Потенцијалните купувачи на куќи присуствуваат на сесија „звуковна бања“ во Беверли Хилс, Калифорнија, на 29 јуни, во куќа од 18.8 милиони долари, опремена со уметност од Енди Ворхол. (Фотограф: Мартина Албертаци)

Деца си играат со сапуница во близина на езерото Хоан Кием во Ханои на 16 февруари. (Фотограф: Јен Дуонг)

Извор: https://www.bloomberg.com/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото