1924

30.12.2019 19:41

Роден сум во 1924 година. Да бев виолина од моја доба
не ќе бев многу добар. Како вино би бил величествен
или можеби скиселен. Како куче би бил мртов. Како книга
ќе поскапував или досега ќе бев фрлен.
Како шума ќе бев млад, како машина смешен,
како човек сум мошне уморен.
Роден сум во 1924 година. Кога мислам на човештвото
мислам само на врсниците.
Мајките им се породиле со мајка ми.
Кај и да биле, во болници или во црни дувла.
На овој ден, на роденденов, би сакал
да кажам велика молитва за вас,
чие бреме од надежи и од разочарувања
ви го точи животот,
за вас чии дела се ситнат
и чии божества крупнеат,
сите сте ми браќа по надеж и другари во очај.
Ви посакувам вистински спокој,
Живот во животот, смрт во смртта.
Тој што си го помни детството подобро
од другите тој е победник,
ако воопшто има победници.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото