Замислете го светот без капитализам

31.12.2019 15:20
Замислете го светот без капитализам

Ова беше лоша година за антикапиталистите. Нони капитализмот не помина подобро.

Поразот на Лабуристичката партија на Корбин во Британија, овој месец, беше тежок удар за движењето на радикалната левица. Од друга страна и капитализмот се најде на удар на критиките кои пристигнуваат од неочекувани правци, особено во Соединетите држави, каде се приближуваат претседателските избори. Милијардерите, шефовите на големите компании, дури и финансиските колумнисти им се придружуваат на интелектуалците и локалните лидери во ламентирањето за бруталноста, безобѕироноста и неодржливоста на рентиерскиот капитализам. „овојпат не можеме да продолжиме по старо“ е заклучокот кој сè почесто се слуша дури и на состаноците на управните одбори на најмоќните корпорации.

Припадниците на класата на најбогатите оптоварени со стрес и заслуженото чувство на вина, брем оние поразумините, и самите се чувствуваат загрозени поради крајната економска неизвесност во која тонат мнозинството нивни сонародници. Како што предвиде Маркс, станува збор за недопирливо моќно малцинство кое се покажа неспособно да ги предводи толку длабоко поларизираните општества во кои само богатите можат да се надеваат на пристоен живот.

Забарикадирани во своите одвоени населби, помудрите меѓу супербогатите предлагаат некој нов вид „партиципативен капитализам“, дури и повисоки даноци за сопствената класа, затоа што сфаќаат дека демократијата и редистрибуираната држава се нивната единствена полиса на осигурување. Но, во исто време стравваат дека нивната класа по природата на работите не се ослонува многу на осигурувањето.

Има различни предложени мерки, од недоволно промислени до смешни. Повици кон членовите на управните одбори да се раководат од интереси што се пошироки од тесно поставените финансиски интереси на акционерите би биле за пофалба да не е непријатниот факт што за именувањата и платите на членовите на управните одбори одлучуваат истите тие акционери. Исто така, тие повици да се ограничи моќта на финансискиот сектор би биле корисни да не е фактот што мнозинството корпорации им поднесува сметки на финансиките институции кои го имаат најголемиот дел од нивните акции.

Спротивставувањето на рентиерскиот капитализам и создавање претпријатија за кои општествената одговорност ќе биде нешто повеќе од маркетинг порака подразбира целосна реформа на сисемот на деловното право. За да стекнеме претстава за размерите на таа задача, мора да се вратиме до оној момент во историјата кога акциите со кои може да се тргува станаа најмоќното оружје на капитализмот и себе си да си го поставиме прашањето: Дали сме подготвени да ја исправиме таа „грешка“?

Беше 24 септември, 1599 година. Во дрвената зграда во близина на Мугрејт филдс, недалеку од адресата на која Шекспир штотуку го завршуваше „Хамлет“, настана нов вид на претпријатие. Сопствеништвото во новото претпријатие, по име Источноиндиска компанија, било поделено на помали делови со кои слободно се тргувало.

Можноста за тргување со уделите во сопствеништвото овозможило невиден раст на приватните корпорации кои набрзо станаа поголеми и помоќни од државите. Погубното лицемерие на либерализмот се состоеше во славењето на доблестите на локалните пекари, месари во корист и за добробит на слободниот пазар: компаниите за кои заедницата не постои, кои не ги познаваат моралните чувства, ги местат цените, ја уништуваат конкуренцијата, ја корумпираат државната управа и ја исмеваат самата идеја за слобода.

Потоа, пред крајот на 19-от век, кога настануваат првите вмрежени мега компании, како што е Едисон, „General Electric“ и „Bell“, духот ослободен со воведувањето на слободната трговија со акции направи уште еден чекор понатаму. А бидејќи ни банкитем, ни инвеститорите немале доволно пари да ги задоволат потребите на вмрежените мега компании, била создадена мега банка во облик на картел на банки и сомнителни фондови зад кои исто така биле акционери.

Така настанала незапамтена количина на нов долг со кој вредноста била пренесена во сегашноста, со надеж дека утрешниот приход ќе биде доволен да се подмири иднината. Мега финансиите, мега капиталот, мега фондовите и мега кризата се логичен резултат. Краховите од 1929 и 2008 година, несопирливиот пораст на големите технолошки корпорации и останатите состојки на денешниот бран на незадоволство со капитализмот не можеа да се избегнат.

Во таков систем, повиците капитализмот да се вразуми не значат ништо, особено откога со влегувањето во новата реалност во 2008 година, добивме конечна потврда за апсолутната контрола врз општеството на мега компаниите и мега банките. Ако не сме подготвени да ги укинеме слободната трговија со акции, започната во 1599 година, не можеме позначајно да влијаеме ниту врз денешната дистрибуција на богатството и моќта. За да замислиме што би можело да значи во пракса надминувањето на ваквиот капитализам, најпрвин мора темелно да ја преиспитаме самата институција на сопственост на корпорациите

Да замислиме дека акциите се нешто слично како правото на глас со кое може да се тргува. Како учениците кога ќе се запишат во училиште што добиваат членска книшка на библиотеката, секој нов вработен би добивал по една акција, која му дава право на еден глас во сите одлуки за корпорацијата, кои ги носи собранието на акционери – од управување до планирање до распределба на доходот и бонусите.

Така, поделбата на добивката и надницата би изгубиле смисла, а големината на корпорацијата би била сведена на вистинската мерка што би допринело за слободен пазарен натпревар. Кога ќе се роди бебе, централната банка автоматски би му доделила траст фонд (или лична капитална сметка) во кој периодично би се уплатувала универзална дивиденда. Кога детето ќе стане тинејџер, од централната банка би добил и бесплатна банкарска сметка.

Работниците би можеле слободно да преминуваат од една во друга компанија и со себе да го повлекуваат капиталот од својот траст фонд, кој би можеле да ѝ го позајмат на компанијата кадешто работат или на некој друг. А бидејќи нема акциски капитал кој се храни со фиктивни средства, финансиките текови би станале примерно здодевни и – стабилни. Државите би ги укинале даноците на промет и доход и наместо тоа би ги оданочувале само добивките на компаниите, земјата во сопственост и активностите кои му наштетуваат на јавниот интерес.

Но, засега доста со фантазирање. Поентата на овој текст беше во овие денови пред Нова година да се потсетиме на можностите за создавање на едно вистински либерално, посткапиталистичко, технолошки напредно општество. Оние кои одбиваат да го замислат ќе завршат како жртви на апсурдот на кој често укажува мојот пријател, Славој Жижек: зошто луѓето се повеќе подготвени да размислуваат за крајот на светот, отколку за крајот на капитализмот?

Слики: Nate Kitch

Извор: Project Syndicate

 

ОкоБоли главаВицФото