За малку (монолог на пеперуга)

02.01.2020 12:38

Го прелетав сиот парк: од брезите до тополите, од вртелешките до колите паркирани на тревникот.

Ги истегнав крилцата во сто и кусур бои, дур се пробивав меѓу балони полни со хелиум и реклами полни со измами.

За малку ќе завршев во мрежата на едно дете.

За малку ќе завршев меѓу два листа од книга што никој не ја чита.

За малку ќе ме видеа сите љубовници и сите пензионери-шахисти по клупите.

За малку дури и ти ќе ги видеше моите сто и кусур бои!

Само да сакаше да излезеш од сивата магла
на мислите твои.

Барем за малку.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото