Најдобрите вицови на Окно во 2019 (1)

02.01.2020 16:21
Најдобрите вицови на Окно во 2019 (1)

 

- Чии се смајлињана, батка?
- Е, мои!

***

Наркоман го советува својот пријател:
‒ АЈДЕ ЧУВАЈ СЕ, ПА MET У ГЛАВА!

***

Прашува слива крушка:
‒ Какво ти е дома греењето?
‒ Не подно, сливо!

***

Што му зборувала Ева Браун на Хитлер, кога ја нервирал?
- Јас со тебе нацисто ќе полудам!

***

Зошто мртовци не можат да играат фудбал?
Не знаат да постават жив ѕид!


Пред испит на Медицински факултет:
‒ Ги научи болестите на коските?
‒ Сè.
‒ И реума?
‒ Реумата ја имам во мал прст.

***

Дали вегани смеат да гласаат во месна заедница?

***

- Како се вика син на алкохоличар?
- Синалко.

Киклоп налутено ѝ се обраќа на сопругата:
‒ Вечерва мораме да збориме во две очи.

***

‒ Здраво, јас сум Ања.
‒ Јас сум Немања.
‒ Како нем, па ете збориш.

***

Камен кога го читаш наопачки нема К.

***

Гледаат филм маж и жена, кога некој ѕвони на вратата.
Вели мажот:
‒И DVD КОЈ Е!

***

Што му вели културен леопард на лавот, кога го заобиколува?
‒ Леопардон.

***

Поминуваат патка и патче покрај воден парк и патчето вика:
- А КВА ПАРК!

***

Дошол слепец со куче во самопослуга и одеднаш почнал со кучето да мава по полиците.
Ужаснатата продавачка го прашала: „Господине, што правите?!“
„Ништо, само разгледувам“, рекол слепиот човек.

***

-Како се вика вонбрачното дете на пилот?
- Копилот.

Зборат две крави и едната вели:
‒ Скроз се заљубив во еден бик, стварно не знам што да правам.
‒ Па кажи мууу!

***

Сунѓер ја викал вода да се договорат околу излегувањето во град:
‒ Те собирам дома, така?

***

Ножот ги построил турпиите во ред, повикал една и ѝ рекол:
‒ Истапи!

***

Вчера ја изгубив работата, сценограф во театар. Но, ги смирив нервите и си заминав пред да направам сцена.

***

Како се вика докторот што се бави со лечење на болестите на мочните органи?
- УРОЛОГ.
А како се вика докторот што не се бави со лечење на болестите на мочните органи?
- НЕ УРОЛОГ.

***

-Што правиш?
-Еве, учам да возам во рикверц.
- О, само напред!

***

Којотот го повикал Брзи Гонзалес на посна слава. Изнел пред него разни посни јадења, лигњи, шкампи, салати...
Гледал Брзи Гонзалес, па рекол нестрпливо:
‒ Ариба, ариба?!?!

‒ Што правиш?
‒ Перам алишта.
‒ Па зошто плачеш?
‒ Ма, сè ми е собрано.

***

Прашува поп имам: Имаш десет евра на заем?
Имам: немам.

***

Сендвич влегува во кафуле и нарачува две пива.
Келнерот: Ве молам, излезете надвор, не служиме храна.

***

Настанала тепачка во бегалски камп, па дошол изнервираниот управник на кампот, да ги раздвојува завојуваните:
‒ Сега стварно ги преминавте сите граници!

***

Гостин - човек што ќе ти дојде на кафе и ќе ти ја испие целата ракија.

***

Што не пиеш, да не си болен?
Секаде во светот алкохолизмот е болест.
Само кај нас те прашуваат:
„Што не пиеш, да не си болен?“

***

Странец не може да сфати дека во Македонија „летва, камен и земја“ не се градежен материјал туку фази на пијанство.

***

Од Олимпијада на вицови апстрактен виц се враќа со сребрен медал, и го дочекуваат:
‒ Па кај си вице шампиону!

Кон вториот дел.

Слични содржини

Општество / Книжевност
Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото