Холандија и официјално го промени името во Нидерланд

03.01.2020 13:06
Холандија и официјално го промени името во Нидерланд

На 1 јануари 2020 година името Холандија и официјално престанува да постои, а државата сега ќе го користи само името Нидерланд.

Промената на името земјата ја чини 200.000 евра од буџетот, а одлуката е донесена со цел да се подобри имиџот на државата.

Институциите, локалните власти, универзитетите, приватните компании и медиумите треба да го користат името Нидерланд од самиот почеток на годината. Владата верува дека мерката ќе и овозможи на земјата да се ослободи од имиџот да е препознаена по дрога и проституција.

Властите во земјата веруваат дека туристичкиот проток ќе биде прераспределен, бидејќи денес повеќето туристи ги посетуваат Амстердам и Хаг, градови кои не можат повеќе да се справат со огромниот прилив на посетители. Претходно властите во Амстердам сакаа да ја елиминираат употребата на името „Улица на црвените фенери“ (Red Light District). Ова име на сите градски знаци ќе биде заменето со историското име „Де Вален“.

Извор: BBC

 

ОкоБоли главаВицФото