Под земја полесно се дише #7

06.01.2020 10:43
Под земја полесно се дише #7

Пред десетина дена во Скопје, во гаражите под „Плочник“, се одржа еден од поинтересните културни настани во 2019 години, фестивалот „Под земја полесно се дише“. На фестивалот учествуваа дваесетина уметници и неколку музички бендови.

Еве што велат организаторите за седмото издание на фестивалот:

„Под земја полесно се дише“ е фестивал на бистриот (воз)дух и чистата прегледност. На 28 декември, во екстремофилични услови, по 7-ми пат создадовме прибежиште во гаражите под Плочник. Ве повикувме на согледување, утврдување и проигрување со културите и политичките сили кои го обликуваат нашето секојдневие.

Остануваме со неволјата! Единствениот начин на кој знаеме да го правиме тоа е преку славење на истата. Уметнички тероризам и заедничко организирање и делување.
Оваа година подземната сцена беше окупирaна и преокупирана со:

Mnemonic45 (Битола)
Соло проект на Гоце Глигуровски, патувач и истражувач на звукот. Хипнотички ambient drone кој го спојува звукот на бесконечното со трепетот на тишината.
https://mnemonic45.bandcamp.com/

ГАРГАРА (Скопје)
Промоција на збирка раскази "ГАРГАРА": За месијанските комплекси, борбата против Исус и други душевно-физички растројства. Автори: Б. Д. (Respiratory Arrest), Н. И. (Kamikaze), Б. К. (Psychosis), Б. Ј. (Attention Deficit).

JAKKU (Париз, Франција)
Adrien Moniet е една половина од француското електронско дуо JAKKU. Музика за танц која гравитира на мрачната страна, од длабоко downtempo до племенско техно. Гаражите знаат најдобро.
https://soundcloud.com/daerinmusic/tracks
https://soundcloud.com/jakku-909/mon-voisin-totoraw

И со уметниците:
Ана Јовановска
Бранкица Јордановска
Виктор Темелковски
Владимир Здравевски
Дарко Алексовски
Драгана Пендовска
Елена Чемерска
Ертунч Сали
Иван Шапков
Самир Карахасан
Сања Симоска
Јасмина Главинче
Клелија Живковиќ
Зелената Арка
КС - 750
Партизанска Штампа

Фотографии: Јелена Белиќ

Слични содржини

Фотографија / Живот / Спорт / Настан
Фотографија / Култура
Фотографија

ОкоБоли главаВицФото