Почина американскиот уметник Џон Балдесари

06.01.2020 11:50
Почина американскиот уметник Џон Балдесари

Џон Балдесари, кој почина на 88 години во саботата (4 јануари), е еден од највлијателните современи уметници од втората половина на минатиот век со портфолио исполнето со значајни дела како „Што е слика“, изложено во МОМА во Њујорк.

Тој е еден од водечките американски и светски уметници, дел од движење познато како концептуализам. Тој е пионер на стилот кој става акцент на идеите за сликите, изработувајќи дела што ги преиспитаа и разнишаа традиционалните идеи за она што се сметаше за висока уметност. Тој се се сомневаше во стереотипите за авторството. Работејќи со фотографии, текст и разни материјали, тој поминал децении во истражување и размислување за тоа што е уметноста, што може и што треба да направи.

Во 2009 година беше награден со „Златен лав“ за животно дело на 53-то Венециско биенале (заедно со Јоко Оно). 

Во образложението за наградата се вели дека тој го промени нашето размислување за уметноста и нејзините врски со стварноста во која живееме. Неговите дела направија револуција во уметничкиот јазик и ќе останат извор на инспирација на идните генерации.  

Џон Балдесари откри нови поетски, концептуални и општествени можности за сите уметници во светот.

Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото