Поетска аптека

07.01.2020 09:10
Поетска аптека

Книгите во книжарницата се наредени по „расположение“ оти сопственичката верува дека поезијата може да ги намали емоционалните проблеми.

Поетската аптека во градот Шропшир во Велика Британија е проект на поетесата Дебора Алма, која на своите „пациенти“ им препишува стихови наместо апчиња.

Алма ги уредува книгите во својата книжарница според „расположение“ бидејќи верува дека поезијата може да помогне за намалување на редица емоционални тегоби; од исцрпеност и стрес па до скршено срце.

Таа води и работилници за поезија и поетски консултации, поканувајќи ги своите „пациенти“ во посебна соба каде им поставува прашања и потоа им „препишува“ лек со внимателно избрана песна.

„Мислам дека ако постои вештина во она што го работам, тоа е запознавањето на вистинската песна со вистинската личност, откако малку ќе поразговарам со неа“, вели Алма. „Кога на некој ќе му дадам песна, таа станува нивна, ја ставаат во фрижидер и тоа им дава сигурност, им го подига расположението, може да претставува и многу други работи.

Таа со години работела со пациенти со дементност и видела „дека поезијата може да промени нечие расположение, а исто така се уверила дека луѓето сакаат да бидат внимателно слушани, да го запишете и да го почитувате тоа што го кажуваат“.

Таа купила и амбулантно возило и сега е „поетска итна помош“, патува низ земјата и дели стихови од него.

Алма верува дека уметничката форма може да направи многу работи, станува збор за интимна поврзаност со некој што го проживеал проблемот пред вас, излегол од него и го преработел. Тоа може да биде молитва, или клетва, може да биде и љубовна песна.

Светската здравствена организација неодамна објави извештај кој потврдува дека постои значаен и голем број докази за здравствената полза од уметноста, а во поетската аптека сметаат дека вистинската песна може да направи голема разлика.

Извор: news.sky.com

 

ОкоБоли главаВицФото