Храната и тагата се во длабока врска

08.01.2020 00:12
Храната и тагата се во длабока врска

Кога нејзиниот сопруг Бил починал пред шест години, Мишел Завадски се подготвила за тагата. Биле заедно 47 години - од средно училиште - и знаела дека животот без него ќе биде тежок.

Меѓутоа, она што не го очекувала било колку впрочем ѝ било тешко да биде сама. Колку ќе ѝ биде тешко да отиде на вечера со пријателите и сама да се врати дома. Или какво ќе биде чувството да оди низ полиците во маркетот, покрај храната што ја сакал нејзиниот сопруг...

„Насекаде има потсетници во вид на храна“, вели Мишел.

Врската помеѓу храната и тагата е длабока: речиси во секоја култура, роднините и пријателите носат гранка во домот на покојникот за оние кои ги оставил зад себе. За сопружникот навикнат секој оброк да го споделува со партнерот, тагата може да се продолжи и постојано да се обновува при купувањето, подготовката и јадењето на храната. Меѓутоа, оваа врска во последните десетина години се перципира како нешто што може да им нанесе штета на оние кои тагуваат.

Организацијата The Dinner Party, која е распространета во повеќе од 100 градови ширум светот, организира оброци на кои се собираат луѓе во дваесеттите и триесеттите години кои загубиле некого.

Во предградието на Чикаго, групата со име Culinary Grief Therapy директно се занимава со врската помеѓу храната и ефектите што ги доживуваат вдовците од осаменичкиот живот. Оваа група е и оформена во текот на истражувањето од 2016 година за потешкотиите од хранењето и готвењето после смртта на партнерот.

„Готвењето и ручањето се најпотценети аспекти на тагата“, вели Хедер Никренд, водечката авторка на истражувањето. „Дали некогаш прашувате некого како се снаоѓа во супермаркет и дали се храни добро?“

Таа ја основала групата CGT која ги учи ожалостените како да купуваат и да готват за едно лице.

Леа Греј, Дајен Кантак, Мишел Завадски

Мишел Завадски е една од триесетината вдовици и вдовци кои посетуваат голема кујна во која се запознаваат со рецепти со минимален број состојки: грилуван зеленчук со маслиново масло и сол, печено пилешко, тестенини.

„На почетокот не сакав да готвам“, вели Дајен Кантак (78) која го користи пултот заедно со Мишел. „Јадев снегулки“.

Дајен била во брак со својот покоен маж Френсис 54 години пред тој да почине во 2013 година. Двете жени разговараа додека сецкаа лук. Мишел ѝ помогна на постарата Дајен да отвори тегла. Кога сите седнаа да јадат, повеќето зборуваа толку е тешко да се испланираат оброците за едно лице.

„Станува збор за наједноставни нешта, како кога се прашувам себеси што ќе јадам за вечера“, вели Пет Смит (60). „А потоа не знам. Што сакам за вечера?“

Мишел се сложува со неа. „Немате никој за да ви даде идеја.“

За партнерите кои претходно не готвеле, ситуацијата е уште потешка. Голем дел од нив се преселиле од кујните на нивните мајки во кујните на нивните сопруги.

„И натаму ги чувам нејзините зачини во кујната“, вели Џони Футман кој веќе е во осмата деценија од животот. Тој посетува група која е составена од мажи во болницата Калвари во Њујорк. „Ги оставив како спомен, иако не ги користам“.

Дебора Стивенс (64) која живее во Јужна Каролина изгубила 32 килограми откако пред две години починал нејзиниот сопруг Дејвид. Со месеци дневно консумирала само една шолја кафе и парче кашкавал попладне.

„Храната беше последното што го сакав“, вели. Нејзиниот покоен маж обожавал да јаде и таа обожавала да готви за него.

Вкусот на храната може да биде како предавство. Еден партнер може да го почувствува мирисот на печурки кои се пржат во путер, а другиот не.

Секоја година на годишнината од нивниот прв состанок, Мишел Завадски оди во ресторанот во кој била со Бил кога имала 15 години. Нарачува сок и сендвич кои ги јаделе заедно пред 50 години и само седи таму и мисли на него.

„Веројатно ме гледа одозгора и вели: ’Навистина, Мишел? Навистина?’“, вели таа смеејќи се. „Но, тоа ми помага“.

Дебора Стивенс

Фотографии: Taylor Glascock

Извор: New York Times/International Report

ОкоБоли главаВицФото