Почина Елизабет Вуртцел, авторката на „Прозак нација“

08.01.2020 15:19
Почина писателката Елизабет Вуртцел, авторката на „Прозак нација“

Елизабет Вуртцел, чијашто книга „Прозак нација: Млади и депресивни во Америка“, објавена во 1994 година, јавно ја отвори темата за клиничката депресија, почина од рак на 7 јануари во Њујорк. Имаше 52 години.

Во 2015 година, Вуртцел објави дека боледува од рак на дојката и често пишуваше за тоа како се развива болеста и како се лекува, особено беше активна на Твитер, но објавуваше иво водечките американски весници. Веста за нејзината смрт на медиумите ја пренел нејзиниот долгогодишен пријател, писателот Дејвид Самуелс.

Елизабет Вуртцел студирала на Харвард и на Јејл, работела како новинарка, критичарка и писателка. Стана светски позната откако на 27 - годишна возраст ја објави книгата „Прозак нација“. Стана херој на жените од својата генерација, но исто така предизвика бројни контроверзи.

Станува збор за автобиографско дело за депресијата со која се борела целиот живот, но и за студентските денови на Харвард, за употребата на дроги, сексуалниот живот.

Во 2001 година беше снимен и филм според оваа нејзина книга со Кристина Ричи во главната улога.  

Во 2002 година, Вуртцел ја објавила книгата „More, Now, Again", која зборува за зависноста од дрогата и лекувањето, а во 1998 година ја објавила книгата есеи „Bitch" за неколку славни жени.

Извор: The New York Times

ОкоБоли главаВицФото