Рибата Гоби

11.01.20 11:54

Мајкл Легеј, пензионер од Бретања дошол на одлична идеја како плажата да не се нагрдува со стари канти за отпад. Тој направил голема скулптура на риба од мрежа и жица и на неа ставил знак на кој пишува: „Гоби сака пластика, те молам нахрани ја!“.

Бретонските плажи се меѓу најубавите во Франција, но за жал како и сите плажи на светот честопати се натрупани со отпад за кој никој не се грижи. Разочаран од ваквата состојба, Легеј ја осмислил оваа риба за собирање отпад, која е поставена на средината на плажата. Тој вели дека скулптурата има цел да собира ѓубре, но и да ги поттикне децата и младите кои немале интерес да рециклираат во старите канти за отпад, „хранењето“ на рибата Гоби сега преку игра ги поттикнува на еколошка освестеност.

Извор: franbuzz.fr.

 

ОкоБоли главаВицФото