Необичниот случај на Крис Лонг

13.01.2020 00:16
Необичниот случај на Крис Лонг

На Крис Лонг, информатички експерт вработен во канцеларијата на шерифот во Невада (САД) пред четири години во постапка за лекување леукемија му била трансплантирана коскена срж. Донацијата ја добил од за него сосема непознат маж од друг континент, од Германија.

Болеста која ја добил Крис е еден вид рак, а новата коскена срж на донаторот и здравите клетки требало да му помогнат да го врати во нормала создавањето крв. Истражувачите можеле да очекуваат дека крвта на Крис ќе ја содржи ДНК-та на донаторот.

Колешката на Крис, која е форензичарка и заедно работи со Крис во канцеларијата на шерифот, била упатена во процедурата за лекување, па од љубопитност му предложила на Крис пред трансплантацијата да земе примерок од сопствената ДНК за подоцна да можат да утврдат дали истата е изменета.

Резулатот бил вчудоневидувачки: ДНК-та земена од различни делови од телото на Крис неколку години по трансплантацијата била разновидна - и повремено се менувала. На пример, на неговата уста, образите и јазикот била пронајдена ДНК и на Крис и на донаторот. Влакната на неговите гради како и косата при секое испитување ја содржеле исклучиво ДНК-та на Крис.

Но, сперматозоидите на Крис четири години подоцна, на изненадување на форензирачите и лекарите на Крис, упорно содржеле ДНК исклучиво од донаторот.

Бројни експерти, наведува Њујорк Тајмс кој детално известува за овој случај, сметаат дека оваа ситуација теоретски е сосема неочекувана. Лекарот на Крис, Мехрдад Абеди наведува дека тоа веројатно на одреден начин е поврзано со фактот дека Крис имал вазектомија откако добил две деца.

Она што во моментов ги загрижува пријателката форензичарка на Крис и нејзините колеги ширум планетата е дека трансплантацијата на коскена срж би можела да стане голема главоболка во нивната работа, а употребата на ДНК како форензички доказ на суд мошне прашална.

Доколку Крис не е некој изолоран случај, ДНК-та на невините луѓе (а патем и на донаторите на коскена срж) би можела да почне да се појавува во разни криминалистички извештаи. Ако сега, на пример, Крис изврши некое кривично дело, кого ќе побара полицијата врз основа на ДНК докази?

Крис Лонг

Она што би можело да биде уште попроблематично е што можеби Крис не е некој мошне ретко изолиран случај. Во светот преку постапки за лекување леукемија и лимфом годишно се извршуваат десетици илјади трансплантации на коскена срж - што ако само еден процент од пациентите имаат исти последици по ДНК како и Крис? Познато е дека имало неколку случаи во криминалистиката кои укажувале на потенцијални проблеми, а сега откако случајот на Крис беше претставен на Меѓународната конференција за форензички науки, прашањето за веродостојноста на ДНК се преиспитува детално.

На пример, пред 15 години, на Алјаска беше истражуван случај на силување. ДНК профилот од семето на мажот упатувало на личност која во време на силувањето била во затвор. Се покажало дека злосторството го сторил неговиот брат, кој донирал коскена срж за братот во затвор, така што двајцата имале ист ДНК отпечаток.

Имаше и случај со силување во кој жртвата тврдела дека ја нападнала одредена личност но ДНК доказот посочувал кон двајца различни мажи - подоцна и во овој случај било утврдено дека сторителот примил донација на коскена срж па затоа ги имал двете ДНК.

Кога пред 11 години полицајците од Сеул во Јужна Кореја се обиделе да го откријат идентитетот на личност настрадана во сообраќајна несреќа, ДНК-та од крвта упорно покажувала дека се работи за жена, додека телото му припаѓало на маж. Потоа, земале примероци ДНК од другите делови од телото - оние од бубрезите покажале ДНК на маж, додека слезенката и белите дробови укажувале на жена - се покажало дека човекот добил коскена срж од својата ќерка.

Ваквите случаи - ретки личности кои имаат два сета ДНК - медицински се нарекуваат химери. Инаку, химерата во грчката митологија е необично суштество, од родот кербери и хидри, чие тело е составено од делови на лав, коза и змија. Луѓето химери кои се така родени може да бидат близнаци кај кои во ретки случаи може да се помеша ДНК - во светот има помалку од 100 такви регистрирани случаи. Во останатите случаи луѓето химери стекнале друга ДНК после специфични трансплантации. Но, лекарите не истражувале каде сѐ се појавува ДНК-та на донаторите.

Лекарите наведуваат дека луѓето со две ДНК се сосема здрави, дека со нив сѐ е во најдобар ред и дека туѓата ДНК не ги менува на никаков начин. Но, што ако посакаат да имаат дете? Дали тоа дете е нивно? Дали ова откритие сега ќе стане тема за размислување за потенцијалните донатори на коскена срж и можеби причина да се откажат од донирањето? Доколку Крис сега се оддаде на криминал, зад себе би оставал траги од две личности, од кои едната е невиниот доброчинител Германец од другата страна на планетата.

Извор: http://naukakrozprice.rs

Слични содржини

Свет / Наука

ОкоБоли главаВицФото