„Произведувачи на зборот“ - 100 години од раѓањето на Славко Јаневски

13.01.2020 12:31
„Произведувачи на зборот“ - 100 години од раѓањето на Славко Јаневски

По повод стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски, Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности што го носи неговото име, во среда (15 јануари) со почеток во 19.30 часот во галерискиот простор на Културно-информативниот центар во Скопје организира поетско читање „Произведувачи на зборот“.

Стихови од Јаневски ќе читаат актерите Ана Костовска и Владимир Петровиќ, додека со свои песни и поетски дела ќе настапат 15-тина поети, меѓу кои Зоран Анчевски, Николина Андова Шопова, Јовица Ивановски, Ана Голејшка, Ненад Јолдески, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Владимир Лукаш, Милован Стефановски и други. За музичкиот дел ќе се погрижат Полина Тасева (вокал) и Иван Петровски (гитара).

Истиот ден во 19 часот делегација на Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе положи цвеќе на неговиот споменик во паркот Жена-борец.

 

 

ОкоБоли главаВицФото