Критичарите на технолошките гиганти ќе бидат уште пожестоки

14.01.2020 13:41
Критичарите на технолошките гиганти ќе бидат уште пожестоки

Последните пет години, Маргарет Вестагер ги поминала градејќи репутација на најстрогиот чувар на технолошкота индустрија. Во текот на својот мандадат за надзор на заштитата на конкуренцијата во Европа, го казнила Гугл со пенали во висина од девет милијарди долари заради кршењето на законот за забрана на монопол и го приудила гигантот „Apple“ да исплати 14,5 милијарди долари заради избегнување даноци.

Сега вели дека во работата во која стана херој меѓу оние што ги критикуваат технолошките компании, сепак не отишла доволно далеку. Најголемите меѓу тие компании продолжуваат да ги тестираат границите на законите за сузбивање на монополската положба и се однесуваат неетички. Таа додава дека интензивирањето на скептицизмот кон технологијата, за неа овозможува уште построг пристап: „Во последните пет години, мрачните страни на дигиталната технологија станаа повидливи“, вели таа.

Маргарет Вестагер, има 51 година, доаѓа од Данска и веќе втор мандат е на чело на комитетот на Европската комисија за заштита на конкуренцијата и сузбивање на монополот. Ги претстави рамките на агендата чија цел се технолошките гиганти, а го разгледува и укинувањето на протекционистичките правила кои ги штитат интернет платформите од одговорност за содржината што ја генерираат нивните корисници. Таа настојува да ги принуди компаниите да плаќаат повисоки даноци во Европа и ги истражува начините на кои се користат податоците за да се елиминира конкуренцијата.

Вестагер вети дека ќе ја создаде првата регулатива во светот, во сферата на вештачката интелигенција, а притоа постојано ги истражува обвиненијата за нефер дејствување на компаниите како Фејсбук, Амазон и Епл.

Нејзиниот успех ќе зависи од од поддршката од страна на официјалните претставници и институции кои веќе се занимаваат со предизвиците како што се Брегзит и ослабените врски со САД.

Маргарет Вестагер, како личност е многу љубезна и пристојна, вешта политичарка, која е се карактеризира со скромност, иако не избегнува да биде во центарот на вниманието. Брзо реагира на критики, вклучувајќи ги и оние кои ѝ ги упатуваат првите луѓе на технолошките компании и американскиот претседател, Доналд Трамп, дека е неправедна кон американските технолошки гиганти.

Маргарет Вестагер

Меѓутоа, американските власти сè повеќе го делат нејзиниот скептицизам. Вестагер вели дека во тоа гледа прилика за соработка, но дека најпрво ќе ги почека исходите од истрагите што се во тек.

Некои се обидуваат да учат од Европјаните. Истрагите за Гугл и некои други гиганти траеле со години, овозможувајќи им на компаниите да ја зацврстат својата доминација. А кога истрагите ќе завршат, велат критичарите, пеналите се сведуваат на парични казни, кои овие компании без прблем можат да си ги дозволат.

Лутер Лоу, раководителот за јавни политики на сајтот за рецензии „Yelp“, гласно го критикува однесувањето на Гугл ја пофали Маргарет Вестагер за нејзиниот придонес. Исто така, тој вели дека компаниите како „Yelp“ мора да постојат, наспроти фактот што се надминати во концептот“.

Маргарет Вестагер ќе одигра водечка улога и во полемиката во Европската унија за новата Директива за дигиталните услуги, која би можела да донесе значајни реформи во областа на функционирањето на интернет и принудувањето на онлајн платформите да ја отстрануваат илегалната содржина. Како што наведува Вестагер, Фејсбук би морало да биде побрз во спречувањето на ширење на лажните информации, насилни содржини и говор на омраза.

„Мора веднаш да ги отстрануваат затоа што се шират како вирус. Но, ако тоа не е доволно брзо, се разбира, ќе мора да го регулираме тоа“, вели таа.

Вестагер е фокусирана на прашањето дали технолошките гиганти ги истиснале компаниите кои се потпираа врз нив за поврзување на корисниците. „Амазон“ е под истрага заради неадекватен третман на трето лице кое нудело производи слични на оние кои ги продавал самиот „Амазон“. „Епл“ е под истрага заради обвиненијата дека го користи AppStore за да им наштети на конкурентите како што е популарната платформа „Spotify“.

„Некои од овие платформи имаат улога и на судија и на играчи и како тоа може да биде фер?“, вели Вестагер. „Никогаш не би прифатиле да играте натпревар со тим кој истовремено е и судија“.

Моментално во Европа во тек е поширока расправа за недостигот на домашни технолошки компании. Така на пример, францускиот претседател Емануел Макрон, ја повика владата да даде повеќе поддршка на европските компании. Урсула фон дер Лајен, новата претседателка на Европската комисија, која ја именуваше Маргарет Вестагер за раководителката на секторот за сузбивање на монополите, апелираше до земјите членки на Европската унија, да постигнат „технолошка сувереност“.

Извор: The New York Times