Емотивен кич

14.01.2020 13:20
Емотивен кич

Поседувам скапоцени емоции коишто не знам да ги носам, ниту да ги искомбинирам со моето едноставно сошиено секојдневие. Емоции што самата сум ги стекнала, сум ги нашла, сум ги добила на подарок или сум ги наследила. Златни, сребрени, бисерни, челични, пластични, скапи, евтини, за’рѓани, светнати и л’снати, непроменливи и незаменливи. Некои се и поткршени, на некои им фалат цели делови, најчесто најбитните, без кои не можат ни да се носат.

Многупати ги ставам на себе додека се подготвувам да излезам, се гледам – не се бендисувам и повторно ги оставам дома. Излегувам и се враќам, излегувам и се враќам без своите скапоцени емоции и кога ќе ми падне жал за нив што речиси секогаш се затворени, го отворам кафезот, ги ослободувам или одеднаш ги ставам сите на себе, седнувам на креветот сосе сиот тој емотивен кич и тивко полетувам во плач или гласно се суривам во смеа.

Слика: Zoe Hawk
 

ОкоБоли главаВицФото