Родово неутралната заменка „тие“ е зборот на годината

14.01.2020 14:47
Родово неутралната заменка „тие“ е зборот на годината

Зборот „тие” како родово неутрална заменка за личност која не се идентификува со машки или женски пол, е просласен за збор на 2019 година, според американскиот издавач на речникот Мериам-Вебстер.

„Во поново време, заменката „тие“ („they“) се користи за лице чиј родов идентитет е небинарен, чувство кое сè почесто се сретнува во објавен текст, или на социјалните мрежи и во секојдневните лични интеракции меѓу англиските говорници”, се наведува во објавата на Мериам-Вебстер.

Поради ова, новото значење на зборот е додадено во овој речник, во септември, 2019 година.

Но, покрај овој, речникот Оксфорд и интернет-страницата Dictionary.com во 2018 година информираа дека употребата на „they” за еднина е граматички коректна и дека е присутна од крајот на 14. век.

Изразот се популаризираше и откако познати личности се идентификуваа со оваа родово неутралната заменка, меѓу кои e и пејачот Сем Смит.

Извор: merriam-webster.com

ОкоБоли главаВицФото