Медиум на друм (23): Палео телевизија и Нео телевизија

14.01.2020 16:57
Медиум на друм (23): Палео телевизија и Нео телевизија

Главната карактеристика на Нео-телевизијата е што таа сѐ помалку зборува за надворешниот свет. Додека Палео-телевизијата зборуваше, или се преправаше дека зборува, за надворешниот свет, Нео-телевизијата зборува за себе и за контактот што го воспоставува со својата публика. Не е важно што вели (уште помалку сега, кога публиката е наоружана со далечински управувач и самата решава кога да ја дозволи програмата а кога да промени канал). Нео-телевизијата, за да ја преживее оваа контрола, се обидува да го задржи гледачот велејќи му: „Тука сум, еве ме, јас сум ти“. Максималната количина вести што ја обезбедува Нео-ТВ, без разлика дали се вести за проектили или за некој лик што турнал некој плакар, е ова: „Ти велам (и тоа е чудесното) дека ти ме гледаш мене; ако не ми веруваш, провери вртејќи на овој број и ќе ти одговорам.“

После многу сомнежи, конечно едно е сигурно: Нео-телевизијата постои. Вистина е бидејќи, без никаков сомнеж, таа е телевизиски изум.

Извор: Умберто Еко - Водич за нео-телевизијата од 1980-тите, 1984

Избор и превод: Фросина Крушкаровска
Гиф: Димитар Грчев

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

ОкоБоли главаВицФото