Медиум на друм (24): Телевизијата и вистината

15.01.2020 17:53
Медиум на друм (24): Телевизијата и вистината

ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ВИСТИНАТА

Истражувања во 1960-тите покажале дека повеќето неискусни гледачи вечерната програма ја разбирале како континуум, без одвоеност помеѓу вистината и фикцијата. Наивниот гледач верувал дека фактите на програмата за вести се фикционални како драма, или дека драмата е вистина како временската прогноза. Потоа гледачите научиле да ги разликуваат жанровите врз основа на тоа како ликовите гледаат во камерата.

Гледање и негледање во камерата

Гледачот научил дека кој и да зборува гледајќи директно во камерата (како спикерот) сигурно ја кажува вистината; зборувал за нешто што навистина се случило. Наместо тоа, секој кој не гледа во камерата и зборува како камерата да го набљудува низ клучалка (како во случајот на актерите) - е фикционален лик.

Потоа се појавил квизот. Водителот ја зборувал вистината кога гледал во камерата и го објавувал името на гостинот, но исто така и кога не гледал – кога поставувал прашање на натпреварувачот, на кое го знаел правилниот одговор. Но во истата програма комичарот, или понекогаш и самиот презентер, знаел да погледне во камерата и да каже нешто измислено, како шега или приказна.

Сега сѐ е променето. (...) Кога може да се претпостави дека оној кој зборува сака да ја каже вистината?

Програмата „Сѐ во едно“

За уште повеќе да се испомешаат работите, се појавила и програмата „Сѐ во едно“ каде водителот зборува, свири, претставува драмска програма, можеби и документарец или дебата, дури и ги чита вестите. На ова ниво и искусниот гледач ги меша жанровите: се сомнева дека бомбардирањето во Бејрут е претстава и не е баш сигурен дали публиката што аплаудира на емисија во живо е составена од живи човечки суштества.

Извор: Умберто Еко - Водич за нео-телевизијата од 1980-тите, 1984

Избор и превод: Фросина Крушкаровска
Гиф: Димитар Грчев

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

ОкоБоли главаВицФото