Тешко е да се следат и најобични вести во денешно време

16.01.2020 15:42

„Куртон“ медиумите (израз на Латас за сопствените вести) објавија дека компанијата ЕДС на вицепремиерот Анѓушев, пред да замине од функцијата, добила тендер тежок „речиси два милиони евра“ (според некои од нив) во Министерството за одбрана. За што се работи?

Се работи за набавка на електрична енергија за потребите на армијата. Понудата на компанијата ЕДС (за која „куртоните“ велат дека е на Анѓушев, а не е) на аукцијата паднала на вкупно 77,7 милиони денари (неполни 1,3 милиони евра). Дури и сѐ друго да е точно, а не е, се работи за некои 30% разлика во износот. Но, што се 700.000 евра за вемерето, нели?

Така функционира тоа. Секоја вест, колку и да е вистинита, кога е препакувана и ставена во поинаков контекст – станува лажна вест, камоли кога се работи за манипулација и лага. Не е важно колку таа лажна вест трае, важно е да се пласира. Одговорност нема и тешко дека воопшто може и да се очекува во догледно време.

Ви текнува? Мицкоски не одговори на ниедно прашање за неговите хидроцентрали. Но затоа неговата агитпроп куртонерија шири лажни вести за тоа дека фирма што не е на Анѓушев „ќарила“ два милиони евра што не се два милиона. Приказнава има уште детали, но човек треба да има време, нерви и вештини за да следи и најобични вести во денешно време.

Џабир Дерала, Фронтлајн, 15.01.20.

 

ОкоБоли главаВицФото