Црнохуморни цитати

17.01.2020 17:00
Црнохуморни цитати

 

Има една српска пословица која вели: „Нашето минато е страшно, сегашноста неподнослива, цела среќа што немаме иднина.“

Филип Гелук

 

Некни одиме со пријателот во ресторан и здогледуваме некој несреќник испружен на патот. Никому не му паднало на ум да му помогне. А кога излегувавме од ресторанот, уште беше тука.

Алфред Капи


Кога возовите излетуваат од шини, што ме нажалува, имаме мртви од прва класа.

Салвадор Дали


Денес уште постојат само два вида пешаци: брзи и мртви.

Франс Бланш


Времето е голем учител, велат. Несреќата е во тоа што ги убива своите ученици.

Хектор Берлиоз


Лекарот му рекол на мојот дедо: „Не сте болен. Аутопсијата ќе покаже дека бев во право“.

Колуш


-Од што почина?
- Не рече.

Лео Кампион


Аптекар (им.): Ортак на лекарот, доброчинител на гробарите и хранител на гробјанските црви.

Емброуз Бирс


На болниот сакале да му донесат лекар, но тој изјавил: „Не, сакам гробар, мразам посредници.“

Ксавиер Форнере

Кога посакуваме да ни се восхитуваат, идеално е да се биде мртов.

Мишел Одијар


Конечно, не е толку непријатно стареењето, кога човек ќе помисли на другата можност.

Морис Шевалие


Агонијата е вештина да се остане при сопствениот крај.

Луиз Буржуа


Колку подолго си жив, толку помалку ќе бидеш мртов.

Филип Гелук


Жената старее побрзо од мажот, но и’ треба повеќе време да умре.

Жак Кану Jacques Canut


Вдовицата е иднината на мажот.

Ален Шифре


Весели вдовици настануваат од тажни сопруги.

Анри Жансон

Стеблото е нешто многу убаво, на гробишта. Би се рекло, ковчег што расте.

Пјер Дорис


Во цутот сум на добата која почнува да мириса на хризантеми.

Роберт Ласус


Веќе не сум во години кога се умира млад.

Жил Ренар


Не умираш зашто си болен, туку зашто си жив.

Монтењ


Повеќето луѓе попрво би умреле отколку да размислуваат. Тоа е и она што го прават, впрочем.

Бертранд Расел


Треба успешно да се изведе самоубиството барем еднаш во животот, ако ништо друго, да не умреш ко идиот.

Гроф Сен-Жермен


Човекот е добар, ама телешкото е подобро.

Бертолт Брехт

„Се гасам!“, рече пожарникарот пред да почине.

Пјер Дари


Чувствувајќи како доаѓа смртта, фотографот процеди низ забите: „Внимание... сега веќе нема мрдање.“

Алфонс Алаи


Што сакате да ви подарат за вашата смрт?

Ролан Дибијар


Смртта никогаш не е друго освен уште еден ден во животот.

Филип Бувар


Не дека се плашам од смртта, само не би сакал да бидам тука кога ќе дојде.

Вуди Ален


Што сакате да речам за себе? Не знам ништо за себе! Не го знам дури ни датумот на својата смрт!

Борхес


Јадете врз трева
Побрзајте
Побрзо или подоцна
Тревата ќе јаде врз вас.

Жак Превер


Слики: Piraro
Избор и превод: П. Вулкански

ОкоБоли главаВицФото