1002 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 20:59
Кога ќе се земат предвид емисиите на јаглероден диоксид од производството на батерии и необновливи методи, користени за производство на електрична енергија во Германија, електричните автомобили ја оптоваруваат климата од 11 до 28 отсто повеќе од дизел-автомобилите, покажува истражувањето.
Батеријата за „тесла модел 3“ произведува 11 до 15 тони јаглероден диоксид. Со животен век од 10 години и капацитет да се поминат 15.000 километри годишно, тоа значи 73 до 98 грама јаглероден диоксид по километар, тврдат авторите.
Кога се зема предвид и емисијата на јаглероден диоксид што резултира од електричната мрежа, во реалност, „тесла“ емитува помеѓу 156 и 181 грам јаглероден диоксид по километар, што е значително повеќе од дизел-мерцедес.
Од извештајот на Кристоф Бучал, професор по физика од Келн, и Ханс-Диетер Карл и Ханс-Вернер Син, за германскиот Институт за економски истражувања; Bizlife, 21,04.19.