1012 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Вто, 19.03.2024 00:59
Тим од американскиот универзитетот Дјук очекува да има достапен производ за оваа изборна година во САД, производ што ќе овозможи телевизиските мрежи да понудат проверка на факти во реално време, на телевизиските екрани, кога политичар ќе даде сомнителна изјава за време на говор или дебата.
Универзитетот веќе нуди апликација развиена од професорот и основачот на веб-сајтот Политифакт, Бил Адер, која со нотификации ги насочува корисниците кон онлајн проверка на факти за време на политички настани. Сличен производ бил тестиран за телевизијата, но сѐ уште не е целосен.
Телевизискиот производ би се повикал на истражувачка дата-база од Политифакт, Фактчек и Вашингтон Пост за да истакне лажни или наведувачки изјави на телевизија. На пример, изјавата на Трамп дека 90% од хероинот, кој е причина за смрт на 300 Американци неделно, доаѓа преку јужната граница, треба да биде проследена со објаснување на екранот дека голем дел од дрогата била прошверцувана преку легални точки на влез и тој шверц не би бил оневозможен со изградбата на ѕид.
Адер вели дека системот ќе биде автоматизиран. Бидејќи многу политичари повторуваат слични фрази, дата-базата ќе биде поттикната кога ќе се појават веќе проверени кодирани фрази. На екранот ќе се појави забелешка која или би објаснила дека одредена изјава е лажна или наведувачка и би ги насочила гледачите кон веб-сајт каде што ќе можат да пронајдат повеќе информации, или би обезбедила кратко и јасно објаснување зошто конкретната изјава е дискутабилна. Адер планира појавување на една проверка на факт на секои две минути на екранот. Поради тоа телевизијата веројатно би го пренесувала настанот со една минута задоцнување, поради непречено функционирање на процесот.
Од тимот велат дека има голем интерес меѓу граѓаните за ваков тип проверка на факти. Но, телевизиите засега одбиваат да дискутираат за производот на униврзитетот Дјук и за таквите концепти за проверка на факти. Тие веројатно ќе бидат многу внимателни со новава технологија поради технички компликации, ризикот нешто да се згреши или поради сомнежот што би бил предизвикан кај некои гледачи кои би ја виделе пораката како политички напад. За телевизиите неточна проверка на факт на екран би можела да биде катастрофална ПР грешка. Дополнително, политичарите често даваат изјави што критичар може да ги стави под прашање но не мора да значи дека се фактички неточни, туку може да се прашање на интерпретација.
(Извор: https://apnews.com/9591a9be2e464775a92aeee69d783be4)
Избор и превод: Фросина Крушкаровска
Гиф: Димитар Грчев
Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.