Пиколомини Огнодарител

20.01.2020 09:07

Жар гризат стаорците
и танцуваат на клада
тралалала лалала
чолаците и играорците
со клетви во брада
в оган се прпелкаат
коњоштипите и дрвениците
ласиците и маториците
(бурила со чурила)
клен в река се пржи
дождалец в трева е факел
дланка за рака мртва рака држи.

И горат и горат и горат
биволите и камилите
сватовите и кумите
тралалала лалала
милите и немилите
улерите и чумите
и горат и горат и горат
в жар-дланка парите
на лихварите 40
и должниците по колибите
и реките и бунарите
жабите во нив и рибите
патриците дервишите рабините
богочетците
и по визбите и тврдините
грешниците и светците
црвена трева пасат
овците преусвитени
заб заби каса
в усти разнебитени.

Црвени им се клепките
на стогодишниците потечени
на децата во колепките
папоците пресни
оскоруши се печени
тралалала лалала
од приспивни песни.

Горат џамии синагоги олтари
горејќи си ги греат коските
настинатите дрипави голтари.
И јас си ги греам глуждестите леденици
цел живот на осој сум бил грч.
Со австриски меч во обете зеници
во скок сум врз изгорен прч.

Јавам. Стаорци рбетников ми го лазат.
Опашите им се фитили запалени.
По мене, водач, трупови газат
преку трупови, гламни осамени.

Улеро прчов со рог јама копа.
Повели. Пред мене мини.
Слушаш ли на тамбура тропа
и тралалалакува Пиколомини.

Јан Хус пламен
Губец пламен
Пејо пламен
градов пламен
тралалала...

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото