Ама химната кажи, а?!

20.01.2020 14:25

Во Штип се степаа за крстот.
Во Пробиштип го изгубија крстот во базен (сигурно некој го украл) па фрлаа друг.
Реклами на Зегин, знамиња.
Пренос со десет камери.
"Публика" која ги бодри тие што ќе го фаќаат крстот.
Овие со серизни фаци и поглед во далечина.
Попот прави финти. Три-четири пати замавнува демек го фрла крстот.
Ова ме потсети на ракометот.
Такви сме. Со борбен дух.
Химна пееме малтер паѓа у сала.
Знамиња со сонце.
Три прста на срце.
Шкртање на Северна на автобусот и секаде каде што пишува.
Абе не се даваме.
Мислам, се дадовме, на крај.
Добро. Се дадовме одма.
Ама химната кажи, а?!

Владимир Кочоски, Фејсбук, 19.01.20.