Медиум на друм (27): Папата во хеликоптер

20.01.2020 20:56
Медиум на друм (27): Папата во хеликоптер

Клучна точка во еволуцијата на телевизијата е појавата на преносот во живо. Интересен пример за тоа е испраќањето на Папата Бенедикт XVI од Ватикан, кога се повлекол од својата позиција поради здравствени причини. Монсињор Дарио Едоардо Вигано, во тоа време директор на Ватиканскиот телевизиски центар, го испланирал и режирал спектакуларниот поздрав на Папата Бенедикт XVI до Рим и светот.

Неговата идеја за заминување на Папата во хеликоптер следен од 19 камери била инспирирана од сцена во култниот италијански филм „La Dolce Vita“ од Федерико Фелини. Во почетните сцени на филмот хеликоптер што носи статуа на Христос прелетува над новите римски предградија во правец на Ватикан, навидум благословувајќи ги луѓето долу (особено младите девојки кои се сончаат на покривите на куќите додека пилотот, младиот Марчело Мастројани, лебди над нивната тераса поздравувајќи ги).

„Овојпат хеликоптерот го носеше претставникот на Христос од Ватикан кон предградијата, милувајќи ги луѓето во Рим за последен пат“, изјавил монс. Вигано во едно интервју.

Избор и превод: Фросина Крушкаровска
Гиф: Димитар Грчев
Филм: La Dolce Vita (Фелини, 1960)
Извор: Умберто Еко - Може ли телевизијата да поучува?

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

ОкоБоли главаВицФото