Луѓе и марионети

21.01.20 14:48

Зад фотографијата на 85 - годишната Дорис Дитер која во паркот „Вашингтон“ во Њујорк ги храни верверичките со помош на марионета од самата себе, е приказната за едно невообичаено пријателство.

Дитер, која привремено го изгубила гласот заради повреда, често доаѓала во паркот, каде своите перформанси ги одржувал Рики Саерс, талентиран уличен изведувач со марионети. Се спријателиле заради заедничката љубов кон куклите марионети, особено кога Дитер му раскажала на изведувачот дека имала пишувано текстови во весниците и дека и самата е колекционер. Во нејзина чест, тој направил марионета што совршено личи на неа.

Извор: earthlymission.com

 

Слични содржини

Филм / Око / Историја
Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото