Глејте си рекетот!

21.01.2020 17:47

Се молат политичарите, особено оние од власта, да не глодаат од успехот на „Медена земја“ прилепувајќи се со разни поздрави и честитки, туку да се фатат за работа и да го реализираат тоа што им го порачаа Тамара и Љубо, да го исчистат воздухот.

Покрај тоа, исто така, би било пристојно да се подзамислат дали не е срамно лицемерие да ја баталиш културата и да ја сместиш на најзафрлените маргини на општеството, да ја понижуваш со поставување најчесто неквалификувани и неспособни залутани кадри, министри, советници, заменици-министри и разни „фактори“ кои во најголема мерка се навреда за културата, а од друга страна да сакаш да го делиш успехот со вистинските уметници.

Срамно е.
Вие направивте се уметниците да се чувствуваат лошо во оваа земја.

Нивните маки и страдања се само нивни и затоа и успехот е само нивен.

Затоа, глејте си рекетот!

Софија Куновска, Фејсбук, 19.01.20.