Саудиското забошотување продолжува

22.01.2020 01:26
Саудиското забошотување продолжува

Џамал Кашоги

Смртните казни на кои саудискиот суд осуди петмина анонимни мажи заради убиството на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул се само нов срам во случајот на ова валкано убиство. Тврдењата на саудиските обвинители, кои одговараат директно пред кралскиот суд, дека Кашоги е убиен во „афективна“ одлука се спротивни на сите докази кои укажуваат дека станува збор за убиство со предумисла - пилата за коски која со себе ја носеле напаѓачите, морничавиот разговор кој го сними турската разузнавачка служба, двојникот на Кашоги кој го напушти конзулатот по убиството.

Судницата беше затворена за сите освен за неколку дипломати под заклетва дека случувањата нема да ги изнесат надвор од судот, а на јавноста не ѝ се објавени ни идентитетите на петмината луѓе осудени на смртна казна, како ни останатите осудени на казна затвор.

Сепак, сите откриени докази откако Кашоги, кој живееше во самонаметнат егзил во САД, беше задавен и распарчен во конзулатот, не оставаат многу простор за сомнеж дека моќниот саудиски принц Мухамед бин Салман го нарачал неговото убиство. Фактот дека двајца организатори на убиството, блискиот советник на принцот Сауд ел Кахтани и поранешниот заменик шеф на разузнавачката служба генералот Ахмед ел Асири, се ослободени заради недостаток на докази за вмешаност, ја прават пресудата на саудискиот суд уште помалку кредибилна.

Принцот Мухамед бин Салман

Разумно е да се претпостави дека целта не била да се спроведе уверливо судење, а уште помалку праведно.

Принцот Мухамед мошне добро знае што навистина се случило и после бурата меѓународна цензура и откривањето откако Кашоги беше убиен на 22 октомври, тој мора да е свесен дека погубувањето на егзекуторите - ако оние што се осудени на смрт се воопшто тие - нема да направи да исчезне неговата вина. „Срамота“, „смешни лаги“ и „измама“ се само некои од зборовите со кои експертите за човекови права и турската влада го опишаа донесувањето на пресудата.

Нема ништо што би покажало дека принцот Мухамед е потиштен пред негодувањето на целиот свет заради убиството.

Циничен заклучок е дека го инсценира судењето и на кучињата им фрли неколкумина потчинети за да може на своите пријателски настроени странски лидери, меѓу кои е и претседателот Доналд Трамп, да им даде алиби да продолжат да работат како и досега.

Пресудата беше соопштена набрзо откако Трамп го потпиша Националниот закон за одобрување на одбраната во која Конгресот ја вклучи и директивата на националната разузнавачка служба да го предаде списокот соучесници во убиството на Кашоги.

Извор: New York Times/International Report

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото