Тоше (38) од Скопје по примерот на принцот Хари престана да зема џепарлак од родителите

23.01.2020 11:44
Тоше (38) од Скопје по примерот на принцот Хари престана да зема џепарлак од родителите


  Откако се крена голема фрка и паникаоколу одлуката на Меган Маркл и нејзиниот сопруг да го напуштат велеградот и богатството кои одат заедно со животот во кралското семејство, младиот Тоше од Скопје (38) одлучи веќе да не зема џепарлак од родителите и конечно да се осамостои во финансиска смисла додека живее со родителите.

„Време е. Одлучив. Знаете, ако принц може да каже дека веќе нема да биде грбот на својата баба и дека нема да прима џепарлак од неа, валда можам и јас. Не сум јас ишто полош од принцот, она, имам и јас свое јас и ако тој може такво богатство да остави можам и јас да ја оставам сигурноста на џепарлакот што моите родители пензиоенри ми го даваат секоја недела. Тој е стварно голем човек и треба да биде пример за сите млади луѓе од Балканот кои не се сигурни дали е вистинско време да се поздрават со сигурните примања за кафе и кладилница и да почнат да стануваат финансиски независни. Не знам, некако баш ме погоди овој негов гест и од таа причина добро се запрашав што јас правам во својот живот и колку тоа всушност има смисла. Мислам, моите имаат некоја нормална пензија, три или четири стојат од кои даваат некои две-три на мене додека барам работа. Знаете како е, платите се мали а не би ни јас, како диломирам политиколог, да работам баш било што, бидејќи сепак имам диплома“ – изјави Тоше.

Како што ни најави во разговорот, Тоше планира во овој преоден период и понатаму да зема пари од родителите додека не се снајде, но, како што вели, тоа ќе биде нешто ситно само да се има за кладилница и теретана.

Извор: Шатро