Медиум на друм (30): Карикатури и илустрации

23.01.2020 23:08
Медиум на друм (30): Карикатури и илустрации

LE CHARIVARI

Во ноември 1830 година Шарл Филипон во Франција и во светот воведува нов вид на весник: почнува да излегува La Caricature, неделник со сатирични карикатури. Тие не се потполна новост; наголемо кружеле и во текот на претходните векови. Нова е идејата да им се посвети цело списание: илустрацијата добива важен простор и значење покрај традиционалниот текст.

Филипон е заслужен за низите илустрации - кои се речиси претходница на стрипот и цртаниот филм - на кои главата на кралот Луј Филип постепено се претвора во крушка. Едноставната и директна порака (физиономијата на кралот ја оддава неговата ограничена интелигенција) ја пренесува медиум разбирлив и за неписмените луѓе.

Последиците се значајни. Политичката борба пронашла ново оружје, со брзо и несомнено делување.

Филипон, заедно со сликарот Оноре Домие, во декември 1832-та го покренува дневниот весник, Le Charivari, кој го презема името од древниот ритуал на бучната поворка со маски, својствена на фолклорот.

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Александар Јосифовски
Извор: Џовани Гоцини, Историја на новинарството, 2000

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото