Млада сликарка создала 784 слики додека се криела од нацистите

24.01.2020 13:48
Млада сликарка создала 784 слики додека се криела од нацистите

Помеѓу 1940 и 1942 година, Шарлот Саломон, млада германско-еврејска сликарка, создала 784 слики додека се криела од нацистичките власти. Таа, на својот опус му дала едноставен наслов: „Театар или Живот?“ Гледано во 21-от век, уметничките дела на Саломон може да се сметаат за претходници на современиот графички роман, создавајќи комплексна мрежа на наративи преку зборови и слики.

Како целина, овие последователни слики ја раскажуваат семејната историја, фокусирајќи се на централниот лик наречен Шарлот Кан, полу-автобиографска верзија на самата Саломон. Тие го документираат развојот на Шарлот како уметник, нејзините борби против лудилото и нејзината прва љубовна врска, во сите слики, позадина е сè понасилното нацистичко владеење. На изложбата на Соломон, во Еврејскиот музеј во Лондон, до март публиката ќе има ретка можност да ги види овие ремек дела.

Многу од раните слики се поделени на тесни рамки и панели, нивната структура и аранжман многу потсетува на стриповите. Малите фигури се разгледуваат низ разделените слики со секвенците на сцените и го структурираат протокот на наративот.

Во средиштето на „Живот или Театар?“ е прашањето дали да се изврши чин на самоуништување. Во раните сцени, се запознаваме со родителите на Шарлот, Алберт и Франциска, преку мали цртежи на нивната свадба, веселата објава за раѓањето на Шарлот и брзото заболување од депресија на Франциска.

И покрај медицинската интервенција, Франциска си го одзема животот. Иако веста првично се крие од младата Шарлот, таа подоцна ги открива вистинските околности на смртта на својата мајка, како и долгата историја на ментални заболувања во нејзиното семејство. 40 - тина слики подоцна во низата, откако станува сведок на самоубиството на нејзината баба, Шарлот седи покрај отворен прозорец во сликата насликана со огнени бои и вели: „Драг господе, те молам, не дозволувај да полудам“. 

Како што појаснуваат кустосите од Еврејскиот музеј, изложбата „Живот или Театар?“ не е само за смртта и очајот. Во суштината на овие слики е приказната за надежта и креативноста и во најтемните времиња. Шарлот се соочува со избор да ги следи своите мајка и баба или „да го креира својот свет повторно“ во радикален чин на авторепрезентација. Таа го избира животот и покрај веројатноста за нејзино уништување.

Шарлот Соломон починала во Аушвиц, на возраст од 26 години и беше речиси извесно дека ќе биде избришана од историјата. Но, непосредно пред нејзината смрт, таа им ги доверила сликите на пријатели, замолувајќи да ги скријат  од нацистите. Сега, сликите од циклусот „Живот или Театар?“ е дел од обновениот интерес на пошироката и академска јавност за работата на Саломон, обезбедувајќи го нејзиното место во историјата на уметноста на 20- век.

Извор: theconversation.com

ОкоБоли главаВицФото