Ќуп на фантастичноста

24.01.2020 19:30

Со глинени шепи
до грбник се разграштува.
Од утробата му се исправа
бронзен читач на небесна дланка,
во окото киклопско
од камен сказна му се одмотува
за муцка Големиот Пес
да го приврзе.
Со поентерот од оној свет
во лов на столетија ќе се иде.
Ќуп бездомник
домот му е распослан
во главата на измислувачот,
слепите ќе го препознаат.
Го месел грнчар
од коскено брашно
и ѕуници, во праискони.
Го присвојувале,
музеј е на космокопи.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото